Albadol Syrup
Веднаш ја ублажува болката!
Содржина: Ибупрофен 100 mg/5 ml
Родителите знаат дека кога нивните деца ќе настинат од сезонски грип, кесичките со сируп во една доза помагаат многу брзо да ја преболат настинката.
Фармацевтска форма: сируп.
Употреба: Албадол® може да се користи за ублажување на болка, ублажување на оток, треска и воспаление кај болести како што се остеоартритис, ревматоиден артритис (вклучувајќи јувенилен ревматоиден артритис или Стил-ова болест).
Пакување : шише од 100 ml.
Дозирање
Албадол® сирупот не се препорачува да се дава на деца со тежина помала од 7 кг
Деца на возраст од
3 – 6 месеци, една доза од 2,5 ml, 3 пати во рок од 24 часа
6 – 12 месеци, доза од 2,5 ml, 3 – 4 пати во рок од 24 часа
1 – 3 години, доза од 5 ml, 3 пати во рок од 24 часа
4 – 6 години, доза од 7,5 ml, 3 пати во рок од 24 часа
7 – 9 години, доза од 10 ml, 3 пати во рок од 24 часа
10 – 12 години, доза од 15 ml, 3 пати во рок од 24 часа
Дозата треба да се дава приближно на секои 6 до 8 часа (или со минимум 4 часа помеѓу секоја доза доколку е потребно).
Ако температурата не се намали, консултирајте се со вашиот лекар.
Ако кај деца на возраст од 6 месеци овој лек е потребен повеќе од 3 дена или ако симптомите се влошат, треба да се консултирате со вашиот лекар.
Важно е да го протресете шишето пред секоја употреба